Иванов со честитка до германскиот колега за освојувањето на Мундијалскиот трофеј

Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов испрати честитка до својот германски колега Јоаким Гаук, по повод освојувањето на трофејот на Светското фудбалско првенство во Бразил.

„Ми претставува особено задоволство во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име да Ви го честитам освојувањето на титулата светски првак, по четврти пат во богатата фудбалска историја на Германија. Освојувањето на светската фудбалска круна е доказ за врвниот квалитет, сплотеноста и прекрасната атмосфера што владее во репрезентацијата. Впрочем, јас и пред почетокот на првенството сметав дека Германија е фаворит, поради односот кон фудбалот, посветеноста, упорноста и дисциплината. Се надевам дека не е далеку денот кога нашите две репрезентации ќе се сретнат на едно Европско или Светско првенство, што е желба на огромен број на фудбалски вљубеници во Република Македонија“, се вели во честитката на Иванов.