Иванов со отчет за сработеното во изминатите пет години

Претседателот Ѓорге Иванов својата работа во изминативе пет години им ја презентира на граѓаните. На големиот број средби кои Иванов изминативе денови ги имаше со граѓаните во многу населени места во Македонија, им го подели отчетот за својата работа.

Жителите од населените места во Македонија имаат можност во отчетот да прочитаат за петгодишната работа и низата активности спроведени од Иванов во рамки на надворешната политика, Македонија како безбедна и сигурна земја, економски силна и развиена.

Во отчетот на претседателот се говори и за единството во различностите, како и за изборот на Иванов секогаш да биде со народот.