Иванов со поддршка на проектот „Јужен тек“

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов го интервју за руската агенција Итар – Тас изјави дека на Македонија и треба стабилен извор на енергија на долг рок, а тоа го нуди токму проектот на Газпром.

 „Република Македонија, како и другите земји во регионот, чувствуваат потреба за дополнителни количества на гас, како чист извор на енергија. Затоа и Македонија стана дел од „Јужен тек“ за да ги искористи придобивките кои ги нуди проектот, а тоа е добивање на дополнителни количества на гас”, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто
„Газпром“ се согласи да ја вклучи и Македонија како дел од земјите учеснички во проектот „Јужен тек“ уште во 2010 година. Преку гасоводот Македонија очекува да ги намали трошоците за набавка на енергија. Во 2013 година Русија и Македонија потпишаа билатерален договор за соработка во изградбата на „Јужен тек“. Во последниве неколку месеци судбината на гасоводот е доведено во прашање поради ставот на ЕУ, која бара спроведување на т.н. Трет енергетски пакет. Суштината е во тоа што добавувачите на гас не смеат да бидат сопственици и  на гасоводен систем во ЕУ.

„Конечно, за бизнисот во Македонија, кој бара евтини енергенси, ова е добар проект. Со реализацијата на „Јужен тек“ бизнисмените во Македонија ќе можат да планираат реализација на многу повеќе други проекти, кога ќе бидат сигурни дека имаат сигурен извор на енергија. За нас е важно дека со овој проект обезбедуваме енергетска стабилност на подолг рок“, вели  Иванов.