Иванов собра над 63.000 потписи, СДСМ ќе бара поддршка од пратеници

Актуелниот претседател и кандидат на ВМРО ДПМНЕ на претстојните избори за шеф на државата, Ѓорге Иванов, за само четири денови успеал да добие огромна поддршка од граѓаните.

Според нашите информации, досега повеќе од 63.000 граѓаните го ставиле својот потписи за кандидатурата на Иванов.

Иванов, во саботата ја доби поддршката од мнозинството од 1.300 делегати на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за втор мандат како шеф на државата.

Од друга страна, пак, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, се одлучиле за втората варијанта за кандидатура преку собирање поддршка од 30 пратеници.

„Не сакавме да ги малтертираме граѓаните со собирање потписи, па затоа се одлучивме да побараме поддршка од 30 пратеници“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов кој додава дека во партијата веруваат дека и’ да се одлучеле за собирање потписи од граѓаните мисијата ќе била успешна за само еден час.

Сепак, нашите неофицијални информации од партијата, говорат дека СДСМ се одлучиле да бараат поддршка од пратениците бидејќи стравувале дека нивен повик за потписи за претседателскиот кандидат нема да резултира со масовност.

СДСМ вечер на 16-тиот Конгрес на партијата треба да ја потврди кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател.

Четворицата кандидатите за претседател, Иванов, Пендаровски, Зоран Поповски од Гром и Илјаз Халими од ДПА своите кандидатури до Државната изборна комисија треба да ги поднесат до 13-ти марти. Првиот круг од претседателските избори се закажани за 23-ти април.