Иванов: Соработката носи успех за Македонија

Македонија добива нов лик. Се градат автопатишта, развојни зони и фабрики, училишта, болници, спортски терени. Се инвестира во земјоделието, во образованието, во спортот, во културата. Се инвестира во инфраструктурата. Се донесоа околу 2 милијарди странски инвестиции, се отворија 120.000 нови работни места. Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија  предвидува уште 64.000 нови работни места. Тоа е напредокот на Македонија. По тоа се гледа успехот, и просперитетот. Македонија напредува на секој план. Македонија е земја во која економијата расте, а се намалува невработеноста. Тоа е резултат на тимска работа, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на митинзите во Маврово – Ростуше.

Претседателот нагласи дека успехот е резултат на соработката и тимската работа, а успехот е тој кој мотивира и инспирира.

Сите се вклучени во напорите за подобра Македонија, и државата, и општините, и стопанствениците и работниците, и земјоделците. Соработката носи успех за Македонија. А успехот инспирира и мотивира, рече Иванов пред граѓаните.

Тој нагласи дека тимот продолжува и понатаму и додаде дека ќе им пружи поддршка на сите кои создаваат нови работни места.

Затоа и понатаму продолжуваме  заедно да работиме за Македонија, како тим кој успева. Ќе им давам поддршка на сите кои создаваат нови работни места, за сите проекти што носат напредок, што носат подобар живот за сите нас.