Иванов ќе го свика Советот за безбедност

Според Иванов терористичките напади во Париз ќе имаат реакција и врз бегалската криза.

Гледаме утрово веќе многу земји имаат сосем поинаков пристап и кон прашањата за бегалците и прашањето за безбедноста и терористичките закани, затоа што може да се очекува веројатно и на други места слични терористички акти какви што беа синоќа во Париз. Така што, во сите земји на целиот континент безбедноста во овој момент е подигната, тоа го правиме и ние, изјави македонскиот претседател.

Затоа, додаде претседателот Иванов го свикуваме Советот за безбедност, за да се разгледаат активностите кои ни претстојат,  и сите актуелните настани кои се случуваат.

Веќе за вечерва во план е свикување на Советот за безбедност, за да ја имаме на увид оваа состојба која ни ја укажа Армијата. Станува збор за повеќе од 8.500 лица кои излегуваат надвор од спомената кота 59, изјави Иванов.

Македонија нема да гради бегалски кампови, остануваме транзитна зона

Во однос на новинарското прашање дали Македонија ќе гради бегалски кампови претседателот Иванов појасни дека неговиот став што го пренел и на самитот во Брисел, е дека Македонија има капацитет за 1.500 лица на југот, кои би транизитирале,  и за уште  500 лица на север каде би излегувале.

Македонија нема да гради бегалски кампови, туку остануваме транзитна зона. Сите овие настани кои денес и вчера се случуваат, ќе ги променат политиките на земјите-членки на ЕУ, затоа што очигледно е дека коридорот кој го отворија бегалците, сега го користат мигрантите, но и странски терористички борци. Јас лично барав ФРОНТЕКС да се распореди на грчко – македонската граница бидејќи тоа е европска граница, и да ги евидентира оние кои излегуваат од ЕУ. Одговорот беше дека тоа се уште е чувствително прашање и има негативна атмосфера меѓу јавноста во Грција. Меѓутоа очигледно е дека Грција не сака да евидентира кој излегува од нејзината територија, рече претседателот Иванов.

На прашањето…