Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски”

На 20-те најдобри студенти претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2015/2016 година.

Стипендиите „Борис Трајковски” им се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски”
Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски”

Стипендиите се обезбедени од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија  и  Универзитетот „Шефилд“.

На доделувањето на стипендиите ќе присуствува заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.