Иванов упати честитка по повод еврејската Нова година

Претседателот Ѓорѓе Иванов упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница во земјава, по повод еврејската Нова година.

Тој на членовите и припадниците на заедницата им посака празнични денови исполнети со благодет, среќа и радост.

– Прославувајќи ја еврејската Нова година, во претстојните денови Ви посакувам година на среќа, благосостојба и меѓусебно почитување. Почитувајќи ги културните и религиските разлики да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава.  Славејќи ја годината што следи, според еврејскиот обичај, се слави  вистината и добрите дела, затоа повикувам сите заедно да ги славиме позитивните вредности кои нè зближуваат и нè поврзуваат. Верувам дека и во иднина, како и досега, припадниците на Еврејската заедница ќе даваат активен придонес во напредокот на нашата земја, пишува во честитката на Иванов.