Иванов упати писмо со сочувство до Оланд

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд.

„Со шокираност, длабока тага и со чувство на огорченост ја примив веста за масакрот во Париз и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички чин. Нападите против „Шарли Ебдо“ претставуваат и ги доживуваме како напад на демократијата, како напад против принципите и слободата на мислата и на говорот. Овој грозоморен чин спроведен од поединците со затворени умови, чија цел е сеење страв и чувство на несигурност, чии жртви се недолжни луѓе, нема да не поколеба во истрајноста на зачувување на споделените човечки и цивилизациски вредности и придобивки на целиот демократски свет. Република Македонија силно ги поддржува глобалните напори за борба против тероризмот, и како и досега така и во иднина е подготвена да соработува со демократскиот свет во соочувањето со оваа закана како едно од најголемите зла на денешницата“, стои во писмото.

Иванов од името на граѓаните на Република Македонија и од негово лично име да изрази длабоко сочувство.