Македонија

Иванов упати писмо со сочуство до Ердоган

Иванов упати писмо со сочуство до Ердоган

Претседателот Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по повод терористичките напади во Анкара.

– Со голем шок и длабока загриженост ја примив веста за терористичките напади во Анкара. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство и да Ве охрабрам во истрајноста и решителноста во борбата со насилството и cите злосторнички акти. Господине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со пријателскиот турски народ, наведува во писмото претседателот Иванов.

Во писмото силно го осудува ова насилство, во форма на серија кукавички и грозоморни терористички напади и изразува надеж дека дека додека Република Турција поминува низ овие тешки моменти, целата меѓународна заедница ќе работи заедно во борбата против злото и во насока на интензивирање на постоечката соработка против тероризмот.