Иванов утре ќе им даде пакетчиња на децата на припадниците на АРМ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утре ќе приреди новогодишен прием за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија, кои се во мировните мисии „ИСАФ“ и „АЛТЕА“, при што ќе им бидат подарени новогодишни пакетчиња.