Иванов в петок ќе го добие уверението за претседател

Државната изборна комисија в петок ќе му до врачи уверението на Ѓорге Иванов за избран Претседател на Република Македонија.

Свеченото врачување на уверението ќе го изврши Никола Рилкоски, претседател на седници на ДИК во просториите на Комисијата.

Иванов, кој беше кандидаран од ВМРО ДПМНЕ, во вториот круг од претседателските избори успеа да освои поголем број гласови од својот противкандидат, Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.