Иванов во Белград на инаугурацијата на Вучиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе присуствува на свечениот прием по повод инаугурацијата на новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ.

Шефот на македонската држава, како што соопшти неговиот кабинет, утре ќе има билатерална средба со српскиот претседател Вучиќ.