Иванов во Белград на средба со Вучиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во Белград ќе има средба со новиот претседател на Република Србија Александар Вучиќ.
Иванов во Белград синоќа присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ

На свечената церемонија што се одржа во „Палата Србија“, присуствуваа претседателите на Република Словенија, Република Хрватска, Црна Гора, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и премиери, министри и претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот.

На инаугурацијата на новиот српски претседател, на која беа поканети околу пет илјади гости, присуствуваа и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, премиерите на Унгарија и Република Австрија, заменик-претседателот на кинеското Собрание, како и претстолонаследникот на Обединети Арапски Емирати, шеик Мухамед Бин Зајед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.