Иванов во БиХ на одбележувањето на 100 години од Првата Светска Војна

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, на покана од претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ и градоначалникот на Сараево Иво Комшиќ.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ, Иванов вечерва во Сараево ќе присуствува на концерт што ќе го одржи Виенската филхармонија во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.

„Целта на настанот е да се упати порака за мир и просперитет, толеранција, заеднички живот и меѓусебно почитување“, соопштија од Кабинетот.

Предвидено е на настанот да присуствуваат и претседателите на Австрија, Хрватска и на Црна Гора – Хајнц Фишер, Иво Јосиповиќ и Филип Вујановиќ, и се очекува со нив претседателот Иванов да оствари средби.