Иванов во Москва ќе се сретне со Путин

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Москва ќе има средба со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Во рамки на работната посета, во текот на вчерашниот ден, Патријархот на Руската православна црква Кирил, на свечена церемонија што се одржа во храмот „Христос Спасител” во Москва, на претседателот Иванов му ја врачи наградата „Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Алексеј Втори” со која е одликуван за 2016 година.

ivanov-aleksej-vtori-640x294
Престижната меѓународна награда која му се доделува на претседателот Иванов претставува признание на неговите заложби во зајакнување на меѓу-православните односи, улогата на религијата во општеството и воспоставување, односно јакнење на принципите на верска толеранција.

Иванов претходно оствари средби со Патријархот на Руската православна црква, Кирил и со епископ Тихон, Викар на Патријархот московски и на цела Русија.