Иванов во официјална посета на Бразил

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска е во официјална посета на Федеративна Република Бразил, соопштуваат од неговиот Кабинет.

Оттаму информираат дека утре Иванов со највисоки државни почести во Бразилија ќе биде примен од бразилскиот претседател Мишел Темер, а ќе присуствува и на свечено отворање на Амбасадата на Македонија во Бразилија, која ќе биде прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Иванов за време на посетата предвидено е да оствари средби со претседателот на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло и на Рио де Жанеиро, Пауло Скаф и Едуардо Виера. Тој ќе одржи и предавање во Бразилскиот центар за меѓународни односи на тема „Европската бегалска криза – научени лекции.“