Иванов во посета на Швајцарската конфедерација

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска (15 октомври, 2014 година) ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација. Во Берн, претседателот Иванов ќе оствари средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Дидиер Буркхалтер.

За време на посетата на Швајцарската Конфедерација, претседателот Иванов ќе учествува на 25-тата годишна сесија на Форумот Кран Монтана.

Во рамки на Форумот Кран Монтана, што годинава се одржува во Женева, претседателот Иванов ќе се обрати на сесијата „Национална и глобална безбедност“, на тема „Безбедноста на новата европска бизнис дестинација: Балканот и глобалната безбедност“. Теми на годинешната сесија се глобалната безбедност и ситуациите во Африка, Сахара, Ирак и Блискиот исток, со фокус на Балканот.

За време на посетата на Швајцарската Конфедерација, претседателот Иванов ќе оствари средба и со Високиот комесар за човекови права на ОН, г. Зеид Ра’ад Ал Хусеин, и ќе се сретне со претставници на Форумот на македонските друштва во Швајцарија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.