Иванов во посета на Ватикан и Италија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска ќе престојува во посета на Ватикан и на Италија.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, Иванов утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, неговата светост папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.

Во рамки на посетата на Ватикан, сопругата на македонскиот претседател ќе ја посети детската болница „Бамбино Џезу“, која остварува соработка со Клиниката за детски болести од Скопје.

При посетата на Италијанската Република, претседателот Иванов, ќе оствари средба со италијанскиот претседател, Серџо Матарела.