Иванов во работна посета на Бугарија

Иванов во работна посета на Бугарија
Иванов во работна посета на Бугарија

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 9-ти овој месец ќе престојува во работна посета на Бугарија, каде ќе учествува на 6. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Софија.

Во рамки на конференцијата, претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија насловена „Што значи солидарноста во контекст на актуелните глобални предизвици“.

Во организација на Атлантскиот клуб на Бугарија, претседателот Иванов ќе одржи предавање на тема „Македонија во НАТО: очекувањата од НАТО Самитот во Варшава“.

За време на работната посета на Република Бугарија, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.

Македонскиот претседател ќе го посети и Културно – информативниот центар на Република Македонија во Софија.