Иванов во работна посета на Катар

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Државата Катар.

Како што најавија од неговиот кабинет, предвидено е претседателот Иванов да има средба со емирот на Државата Катар, шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани, а ќе се сретне и со главниот извршен директор на Qatar Investment Authority, шеик Абдула Бин Мохамед Бин Сауд Ал Тани.

Во рамки на работната посета на Државата Катар, претседателот Иванов ќе присуствува на церемонијата на отворање на Светското првенство во ракомет, како и на натпреварот меѓу репрезентациите на Македонија и Тунис. Претседателот Иванов ќе се сретне и со членовите на македонската ракометна репрезентација.

Фото: МИА