Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот

Меѓурелигискиот дијалог за кој се залагаме има за цел почитување, а не надминување на различноста. Бидејќи целта на дијалог е да ни помогне да живееме со нашите најдлабоки религиски разлики, без да ги занемаруваме или надминуваме тие разлики.

Ова го порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Рим, каде учествува на 7. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави” и Италијанското друштво за меѓународни организации – Иницијатива за Глобален дијалог во мултиполарен свет.

Пред своето обраќање на конференцијата чија тема е „Одговор на радикализацијата и екстремизмот преку меѓурелигиски дијалог”, претседателот Иванов оствари средба со претседателот на Италијанскиот Сенат, Пјетро Грасо.

Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот
Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот

Македонскиот претседател во обраќање истакна дека доколку сакаме да имаме мир во светот мора да градиме соживот, односно взаемно да се почитуваме и да ги прифаќаме своите различности. Иванов порача дека преку искрен дијалог треба да се запознаваме и да го почитуваме различниот.

Наместо да се придвижиме кон поголема отвореност, кон унапредување на човековите права и слободи ние, во втората деценија на 21 век, се враќаме два чекори наназад. Во страв и затвореност, кои носат уште подлабоки поделби и уште поголем страв”, истакна македонскиот претседател, додавајќи дека обединета Европа денеска има повеќе ѕидови отколку што поделена Европа имаше за време на Студената војна. Како причина за ваквата состојба Иванов ги наведе злоупотребата на религијата, двојните стандарди, игнорирањето на меѓународното право, како и глобалниот непоредок.

Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот
Иванов во Рим: Со меѓурелигиски дијалог против радикализацијата и екстремизмот

Интеграцијата со асимилација, сиромаштијата и отсуството на подлабоко значење и припадност кон западниот свет, Иванов ги посочи како три главни причини за современиот радикализам и екстремизам.

Она што го отежнува меѓурелигскиот дијалог, рече Иванов, е злоупотребата на религијата од страна на државните актери кои ја користат нејзината моќ за да издејствуваат прифаќање на нивните позиции.

Наспроти нашите залагања за единство во различноста стојат оние кои сакаат единство преку еднообразност. Нетрпеливоста, ксенофобијата и исклучивоста во светот се многукратно зголемени. Оттука, и потребата за дијалог е многукратно поголема, порача македонскиот претседател.

Македонскиот претседател…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.