Иванов: Во следниот мандат приоритет ќе ми биде економскиот раст и развој

Караванот на претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов поддржан од Тим Македонија денеска пристигна во Свети Никола каде пред граѓаните и симпатизерите ќе ја претстави својата програма и ќе се обиде по втор пат да ја добие нивната доверба.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ предходно го посети Лозово, а потоа по митингот  во Свети Николе, караванот ќе тргне накај Чашка.

Иванов пред топлата  собрани на плоштадот на градот на Свети Никола истакна дека довербата на граѓаните се добива за реални проекти. Довербата се оправдува со остварување реални, конкретни проекти што го подобруваат животот.Тој вети дека за неколку години Овче Поле ќе биде едно од најразвиените.

На митингот се обрати и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јануловска, која потенцираше дека пред пет години брз размислување ВМРО-ДПМНЕ застанаа зад Ѓорге Иванов, бидејќи во него видоа човек кој знае да ја води државата, но и човек кој го почитува секој граѓанин и е подготвен со сите да го сподели своето знење. Таа рече дека повторно заедно ја бараат довербата за Иванов, кој како претседател својата канцеларија ја пренесе меѓу народот и правеше се’ за подобро да се живее во Македонија. Јанкуловска истакна дека Иванов е кандидат на народот.

Тој им нуди програма со ветување дека ќе ја исполни до последниот збор, бидејќи за него Државата е пред се’, Македонија е над се’.

Претседателскиот кандидат истакна дека работи за граѓаните и ќе продолжи да работи поддржан од „Коалицијата за подобра Македонија“, а негова цел сите да се задоволни.

„Со заедничка работа се’ се постигнува“, рече Иванов, потсетувајќи дека заедно обезбедија визно либерализирање, нови инвестиции, зголемување на пензиите, но додаде дека се работи за заживување на малите градови.

Иванов потенцираше дека при крај е изградбата на автопатот Миладиновци-Штип со што ќе се скрати патувањето, а тоа се подобри стопанстово, инвестициите и ќе се отворат нови места.

Претседателскиот кандидат потенцираше дека негово моте се конкретни проблеми и видливи резултатим потсетувајќи на проблемот кој светиниколчани го имаат со водата, но бепе решен впо 2010 година. Тој вети дека во следиот мандат приоритет ќе му биде економскиот раст и развој на Македонија, а тоа ќе значи уште повеќе инвестиции и уште повеќе работни места.

„Европа во Македонија, Македонија во Европа“,рече Иванов појаснувајќи дека тоа е една од неговите цели ако повторно ја добие нивната доверба. Заедно, рече тој, ќе ја направиме Македонија земја на благосостојба.