вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Иванов во Софија на средби со Плевнелиев и Радев

Новоизбраниот претседател Радев веднаш по неговиот избор изјави дека Македонија е соседна и пријателска држава и дека очекува да биде потпишан договор за добрососедство и соработка со нашата земја.

gjorgje-ivanov-3-640x294

Последни вести

Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе оствари средби со неговиот бугарски колега, Росен Плевнелиев и со новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев.

На средбите, како што јавува известувачот на МИА, ќе стане збор за севкупните билатерални односи меѓу двете земји и можностите за унапредување на билатералната и регионалната соработка.

Новоизбраниот претседател Радев веднаш по неговиот избор изјави дека Македонија е соседна и пријателска држава и дека очекува да биде потпишан договор за добрососедство и соработка со нашата земја.

Македонскиот претседател вчера, во рамки на дводневната работна посета на Бугарија, беше одликуван со титулата „Почесен доктор на науки“ на Бугарската академија на науките.  Ова големо признание на Иванов му е доделено за неговиот придонес во правните науки, образованието, културата и општествениот живот.

Најчитани вести