понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Иванов за „Винер Цајтунг“: Тиранската платформа со еден удар го уништи договорот од Пржино

Тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада за Влада, неизбор на претседател на Собрание, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за виенскиот дневен весник „Винер цајтунг“.

13259121

Поврзани вести

Во интервјуто Иванов изразува разочараност од ЕУ, поради отсуството на осуда за тиранската платформа, со која според него, се уништил договорот од Пржино.

– ЕУ е импотентна и без моќ. Тие го водеа целиот процес и го донесоа Пржинскиот договор од 2015 година со кој требаше да излеземе од кризата. Но, Тиранската платформа доведе до институционална криза, блокада за Влада, неизбор на претседател на Собрание. Европската унија и Америка беа вклучени со цел да се реши политичката криза. Но тие не ги осудуваат оние што им го попречија решавањето на политичката криза и што создадоа институционална криза. А тоа се Еди Рама и албанските политичари, кои им го срушија целиот труд овие две години. Тиранската платформа со еден удар го уништи договорот. Сега сме во институционална криза, што нема врска со Пржинскиот договор, истакнува Иванов за „Винер цајтунг“.

Во интервјуто претседателот Иванов јасно посочува дека Македонија нема поинаква стратешка цел од членството во ЕУ и НАТО.

Во однос на прашањето дали САД треба да заземе водечка улога на Балканот, Иванов вели дека Америка веќе не е онаа Америка што некогаш беше.

– Америка веќе не е онаа Америка што некогаш беше. Мислам дека времињата на Пакс Американа изминаа. Овде имавме Пакс Романа, па Пакс Отомана, па Пакс Американа. Оттогаш чекаме на Пакс Еуропа. Но, досега без успех, вели Иванов.

На прашањето како ја гледа новата администрација на САД под новиот претседател Доналд Трамп, Иванов одговара дека на Трамп треба да му дадеме време.

Прашан за коментарите од руското МНР за случувањата во Македонија, Иванов со став дека Русија никогаш не се мешала во Македонија, дека само го искажала своето мислење и оти тоа е легитимно.

Во однос на претстојното австриско претседателство со ОБСЕ и можното засилено влијание на Австрија во регионот, претседателот Иванов вели дека Австрија е голем пријател на Македонија.

– Австрија е голем пријател на Македонија, но ОБСЕ е немоќна. Таа остана во 20 век. Ние веќе долго време сме во 21 век, истакнува претседателот Иванов.

Најчитани вести