Македонија,Политика

Иванов: Заедно и во добро и во лошо! Така се гради Македонија!

Иванов: Заедно и во добро и во лошо! Така се гради Македонија!

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ѓорѓе Иванов при посетата на Маврово и Ростуше истакна дека соживотот е силата на Македонија!

Редовно ја посетувам вашата општина. Бев со вас и во добро, и зa баш убави работи. И како покровител на познатата Галичка свадба на Петровден, но и кога беше големата трагедија, пожарот на Бигорскиот манастир. Кога гореа конаците на Бигорскиот манастир, се покажа вистинската сила на македонскиот модел на соживот. Во гаснењето  на пожарот први бевте вие, и православни и муслимани, и Македонци и Албанци. Луѓето од целиот овој крај, без оглед на верска и етничка припадност, дојдоа да им помогнат на своите соседи. Граѓаните од целиот регион, и христијаните и муслиманите, се вклучија во обновувањето на манастирот истакна Иванов.

Така се чува и гради Македонија. Тоа е соживот. Заедно и во добро и во лошо. Тоа е силата на македонскиот модел на соживот. Тоа е силата на Македонија!