Македонија

Иванов- Земан: Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка

Иванов- Земан: Македонија и Чешка ја интензивираат економската соработка

Евроинтеграциите и економската соработка меѓу Чешка и Македонија беа тема на денешната средба во Прага на претседателите на двете земји Милош Земан и Ѓорге Иванов, јави известувачот на МИА.

„Чешка е многу заинтересирана да инвестира во Македонија. Ние веќе имаме инвеститори во мали хидроцентрали, но сакаме да се подобри соработката во областа на енергетиката, рударството и да градиме трамвајска линија во Скопје“, рече Заман на заедничката прес-конференција.

Тој нагласи дека е убеден оти Македонија постепено ќе се вклучи во големото семејство на држави на ЕУ и НАТО.

„Чешка ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, но како што знаете во овие организации одлуките се носат со консензус и една членка може да блокира“, рече Земан и како пример за надминување на состојбата го посоичи догворот меѓу Словенија и Хрватска околу спорот за Пиранскиот залив.

Претседателот Иванов рече дека очекува денешната средба да биде поттик за подобрување на соработката меѓу двете земји и изрази благодарност за чешката поддршка за македонските евроатлански интеграции, а особено за принципиелниот став за употреба на нашето уставно име во билатералната комуникација. Иванов на средбата побара почитување на Хашката пресуда и паралелно решавање на проблемот со името и почеток на преговорите за членство во Унијата.

„Ако НАТО ги почитува сопствените принципи би требало да добиеме покана за членство на следниот самит во Велика Британија, бидејќи се што е до нас ние веќе сме го исполниле. Сепак треба да бидеме реалисти останува проблемот со името, а нашиот сосед нема желба да се дојде до решение“, рече Иванов во одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи дека трговската размена меѓу двете земји постојано се зголемува, но оти постои добра соработка и на сите останати полиња.

„Трговската размена од година на година се зголемува и веќе достигна 250 милиони евра од кои 170 се македонски извоз во Чешка. По секоја наша средба, соработката се подобрува пред се на полето на економијата. Постои добра соработка и во културата, образованието, спортот туризмот…“, рече Иванов.

Нјави дека на чешкиот претседател Земан ќе му биде врачено највисокото македонско признание орденот „8 Септември“ за развој на добрите односи меѓу двете земји и за континуираната и проинципелнаа поддршка од неговите пртходници. Тој посочи дека посебно внимание во целиот негов мандат посветил на односите со земјите од Вишеградската група со кои меѓу другото Македонија има и најдобри политички односи.

Попладнево претседателот Иванов ќе ја посети катедралата Св. Вит во придружба на прашкиот кардинал Доминик Дука, а посетата ќе ја зарши со работна вечера со чешкиот премиер Бохуслав Соботка.