Иванова ќе ја посети Клиниката за детски болести

Маја Иванова, сопругата на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска, заедно со синот Иван ќе ја посети Клиниката за детски болести во Скопје.

Иванова ќе им подели новогодишни пакетчиња на децата згрижени во оваа јавна здравствена установа.

фото: МИА