Политика

Иванова: Премиерот Груевски вчера настапи со старо нови ветувања

Иванова: Премиерот Груевски вчера настапи со старо нови ветувања

Премиерот Груевски вчера настапи со старо нови ветувања, ветени уште пред 8 години, вели пратеничката на СДСМ, Цветанка Иванова.

„Класичен пример за тоа е ветувањето за пет процентно покачување на платата на административците. Пред да го даде тоа ветување, премиерот Груевски требаше да одговори на следниве прашања: Каде е, или зошто не е реализирано ветувањето за покачување на платите за административците за 10 проценти во 2009 година, и со закон регулирано? Каде отиде ветувањето за покачувањето на платите за административците за 10 проценти, во 2010 година? Каде отиде и зошто не се покачи платата на административците, во 2012 година кое што со закон исто така е регулирано и одложено за подоцна? И каде е покачувањето на платите за административците, во 2013 година, кое што сега премиерот го ветува како ново ветување, од септември 2014 година, но не за 10 проценти, онака како што е ветено во преродбата, туку повторно за пет отсто“, вели Иванова.