Ивановиќ: Ќе дадеме се од себе да победиме, иако атмосферата овде е ужасна

Србите пристигнаа во Тирана и веднаш се соочија со тензија која владее кај нашиот западен сосед.

Првиот инцидент веќе се случи, каменуван беше автобусот на српската репрезентација, но, за среќа, нема повредени. Фудбалерите се максимално обезбедени, но прашање е во такви услови колку некој од нив мисли на вечерашниот натпревар и на евентуална победа.

Ние како екипа знаеме што треба да направиме и како да одиграме. Ќе дадеме се од себе за да победиме, но атмосферата овде, едноставно, не е нормална за фудбал. Би сакал овој натпревар да одлучува за пласман на Европското првенство, да беше таков случајот, ова ќе беше одличен меч. Знаеме дека не чека пекол, тоа се гледа од дочекот и оваа прес конференција и знаеме дека никој нема да ни аплаудира, изјави Ивановиќ.

Натпреварот кој има резултатско значење само за албанската репрезентација се игра вечерва од 20:45 во Елбасан, околу 50 километри оддалечен од Тирана.