Спорт

Ивановиќ ќе остане на Стемфорд Бриџ до 2017 година

Ивановиќ ќе остане на Стемфорд Бриџ до 2017 година

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Челзи, сакаат во најбрз можен рок да ја продолжат соработката со српскиот интернационалец, Бранислав Ивановиќ.

Англиските медиуми потврдија дека во следните неколку денови, челниците на Челзи ќе имаат состанок со агентот на Ивановиќ и за време на истиот офанзивниот бек ќе биде информиран дека има отворена понуда да потпише нов договор со важност до 2017 година.

Доколку ја прифати понудата на лондонските “сини”, Ивановиќ ќе си осигура неделна плата од 140 илјади фунти што е за 20 илјади фунти поголема од таа што моментално ја заработува на “Стемфорд Бриџ”.

Со продолжувањето на соработката, моментално прволпласираниот тим во англиската Премиер лига сака да стави крај и на шпекулацијата дека офанзивниот десен бек сериозно размислува за промена на клупската средина и дека ќе биде најнова милионска аквизција на најбогатиот клуб од француската Прва лига, ПСЖ.