Ивановски: Фокус лаже и манипулира – Не сум сопственик на земјиштето на плоштадот

Класична манипулација, невистина и смислена лага со цел свесно да се нанесе штета врз мојот углед и мојата работа, реагира Александар Ивановски по написите на Фокус за негова наводна инволвираност во незаконска продажба на земјиште наменето за хотел на плоштадот Македонија во Скопје. Алфа контактираше со Ивановски кој вели дека не фалсификувал документи за тендер и не е сопственик на земјиштето кое се споменува во написот Фокус. Тој ќе поднесе и соодветна пријава за изнесување невистини и манипулации.

“Фокус кој претендира да се прикаже за независен, а со ваквите измислици никако не може да биде тоа, ниту побара некаков став од мене за овој случај-нешто што го налага новинарската етика и принципи,  ниту пак направиле детална анализа. Тоа е уште еден показател дека се работи за тенденциозна измислица, која преку тонски записи кои се монтирани и сечени сакаат да конструираат случај кој не постои.

Поради некоректноста и нереалните барања на сопственикот и уценувачкиот однос од него кој воедно го има и противзаконски и нелегално снимано и монтирано ова одлучив да не учествувам во ова. Поради сето тоа ќе поднесам  и соодветна пријава до инволвираното лице пред надлежните институции.

Јас заедно со мојот тим предводам повеќе успешни компании и обезбедувам работа на многу семејства и нема никако да дозволам да се фрла дамка преку вакви лаги. Иако Фокус обвинуваат за некакви уцени, всушност ваквата конструкција испреплетена со груби невистини  преставува нивна закана кон секој чесен инвеститор, и токму затоа поради ваквите манипулации и невистини ќе покренам тужба и постапки пред надлежните институции”, се вели во реакцијата на Ивановски.

Извор: Алфа.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.