Ивановски и Видеотон станаа шампиони во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Мирко Ивановски викендов и официјално стана шампион на Унгарија со екипата на Видеотон.

Екипата во која настапува битолчанецот има само еден пораз во досегашниот дел од сезоната и на неколку кола до крајот на шампионатот се наоѓа на +13 бода од второпласираниот Ференцварош.

Видеотон и Ивановски на 20-ти мај ќе се борат да ја освојат двојната круна, затоа што се наоѓаат во финалето на Купот на Унгарија.

Напаѓачот е втор македонски репрезентативец кој се закити со титула оваа сезона. Претходно, шампион стана и Аријан Адеми, кој во Хрватска се искачи на тронот со Динамо Загреб.