Ивановски на Форум за интернет владеење во Турција

Иво Ивановски, министерот за информатичко општество и администрација, денеска и утре ќе биде во официјална посета на Турција.

Целта на посетата е учеството на 9-от Форум за интернет владеење ( IGF), кој ќе се одржи во Истанбул во периодот од 2 до 5 септември.

Главната тема на овогодинешниот форум е „Поврзување на континентите за подобрено интернет владеење со вклучени засегнати страни“.

Во рамки на посетата министерот ќе учествува и на Лидерскиот состанок на високо ниво, на кој ќе има свое обраќање на тема „Градење на капацитети за економски развој”, кој ќе се одржи на 1 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.