Ивановски на Конференција на Меѓународната Телекомуникациска Унија во Јужна Кореја

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од утре, 23 октомври 2014 година, ќе учествува на Генералната конференција на Меѓународната Телекомуникациска Унија (ITU Plenipotentiary Conference 2014), која се одржува во градот Бусан во Јужна Кореја.

Тој ќе се обрати на панел сесијата за ИКТ политики за младите лидери (Young ICT Policy Leaders). Ивановски ќе има работна средба со Хуанг Чанг Гиу, претседател и извршен директор на Кореја Телеком.

За време на учеството на конференцијата, министерот Ивановски ќе оствари и бројни билатерални средби со истакнати претставници на меѓународниот ИТ сектор.