Ивановски на Самит за нова економија во Токио

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, придружуван од министерот без ресор Горан Мицковски, денеска во Токио ќе учествува на Самитот за нова економија (НЕС), една од најголемите светски конференции во организација на Јапонската организација за нова економија.

Посетата е во рамки на владините роуд-шоу активности за привлекување странски инвестиции.

Како што е најавено, министерот Ивановски во Јапонската организација за надворешна трговија (ЈЕТРО), пред стотина јапонски компании на форум ќе ги претстави можностите кои ги нуди Република Македонија за инвестирање во земјата. Тој ќе оствари средби со претставници на компаниите со кои ќе сподели мислења и искуства во рамките на областите во кои работат.