Ивановски на состанок во Њујорк

Иво Ивановски, министерот за информатичко општество и администрација, ќе учествува на состанокот на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој што денеска ќе се одржи во Њујорк.

Средбата се одржува на почетокот на 69-то Генерално собрание на Обединетите нации, а на неа ќе се нагласи важноста и значењето од развојот и распространувањето на широкопојасниот интернет.

Учесниците ќе водат отворени дискусии за некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат индустријата и регулаторните субјекти, како што се инвестициите во инфраструктурата и балансирање на очекувањата на операторите и давателите на услуги.

Претседателот на комисијата, Карлос Слим и претседателот на Руанда, Пол Кагаме ќе го отворат состанокот.

Министерот Ивановски во Њујорк ќе оствари контакти и разговори со влијателни луѓе од светот на информациско-телекомуникациските технологии, при што ќе ги сподели искуствата и достигнувањата на Република Македонија во ИКТ областа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.