Иванов: Пендаровски како советник во два кабинета ја остави државата со неажурирани планови за безбедност

Пендаровски како советник во два кабинети ја остави државата со неажурирани планови за безбедност од 1993та, обвини на денешната ТВ дебата на МРТ, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов.

Како претседател, иницирав она што господинот Пендаровски како советник за национална безбедност во два кабинета не го направил. Ја оставил државата со план за одбрана со проценка од 1993 година. Мораше да се иницира да државата има план во согласност со новиот амбиент кој постои во регионот. Освен тоа, ниеднаш досега за 20 години, замислете, немало координација на службите од сферата на безбедноста и одбраната. Направена е координација и сите институции перманентно заседаваат и ги даваат нивните предвидувања за сите можни ризици, рече Иванов.

Пендаровски како советник во два кабинети рече дека прв пат слуша дека плановите не биле ажурирани.

„Ова го слушам првпат дека не биле ажурирани плановите за одбрана и прилично ме изненадува, бидејќи тоа е општопозната работа дека не е точна. Се работеле и од моите претходници ажурирање на плановите за одбрана“, истакна тој.