Ивановски се обрати на работилницата за мобилни апликации

Од 8 до 14 декември, во Скопје се одржува овогодишното издание на „Code App Level Up 2“, семинар и практична работилница, која има за цел да понуди квалитетни обуки од неколку области. Станува збор за настан на кој студенти ќе се обучуваат на полето на развојот и дизајнот на мобилни апликации, како и нивно претставување на пазарот.

Code App 2На денешното официјално отворање на настанот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, кој се осврна на значењето и развојот на мобилните апликации. Toj ги потсети учесниците на натпреварот на можностите што ги нуди Законот за отворени податоци, со кој институциите се обврзуваат, податоците со кои што располагаат во дигитален формат да ги направат достапни за граѓаните.

– Овој процес ќе му помогне на приватниот сектор и на граѓаните, а очекуваме тоа да поттикне нови работни места и нови иновации. Најголем успех од искористувањето на овие податоци ќе имате токму вие, студентите, односно младите претприемачи. Сите оние кои ќе бидат заинтересирани да креираат апликации можат бесплатно да ги користат отворените податоци.„- рече Ивановски.

Тој напомена дека сериозни напори се вложени во процесот на создавање млади кадри во нашата земја, кои активно работат на полето на ИКТ технологиите и со тоа индивидуално и тимски придонесуваат за целокупниот развој на македонското општествено живеење, посебно на информатичката област. Целта е тие да останат во Македонија и да бидат ангажирани од приватниот бизнис во областа на ИКТ технологиите.

Инаку, „Code App, Level Up 2“ е напредна работилница од интернационален карактер на којашто учесниците од Македонија имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи. Обуките на семинарот ги спроведуваат домашни и странски експерти во повеќе области.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.