Ивановски: Со израмнувањето на албанскиот со македонскиот јазик, одиме кон двонационална држава

Предлог-законот за употреба на јазиците е веќе во собраниска процедура, а реакциите во јавноста не стивнуваат. Последни со реакција се јавија и лингвистите кои сметаат дека овој предлог-закон го крши Уставот на Република Македонија и излегува надвор од рамките на Охридскиот рамковен договор. Лингвистките Симона Груевска Маџовска и Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје поднесоа и приговор со цел да го свртат вниманието и од стручен аспект кон неколку точки.

Новинарот Христо Ивановски анализирајќи го овој предлог-закон за јазици во вестите на ТВ НОВА истакна дека добар е потегот на лингвистките, но поголема тежина ќе имаше нивната реакција доколку целиот Институт застанеше зад нив.

„Дека Предлог-законот за употреба на јазиците излегува од уставните рамки и Охридскиот договор кој практично е преточен во Уставот, кажаа многу експерти. Секогаш зедниците во Македонија имале право да ги користат своите јазици, но македонскиот јазик треба да биде заштитен и да биде јазикот кој ќе ги спојува сите етникуми кои живеат тука и да биде јазикот на комуникација со странство. Овојпат, се издвојува албанскиот јазик посебен и се изедначува со македоноскиот речиси на сите нивоа и зачекоруваме во еден проект кој води кон двонационална држава“, смета Ивановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.