Ивановски: Во најскоро време очекуваме влез на “ПејПал“ во Македонија

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски за време на денешното гостување во вестите на МТВ зборуваше за формирањето на националниот јазол, како и за најавата дека и Гугл ќе оперира во Македонија. Иваноски истакна и дека очекува намалување на цената на интерентот.

„Се надеваме дека со воспоставувањето на првиот јазол во Македонија за интернет конекцијата ќе се овозможи уште поголема конкуренција во пазарот на интернетот и ќе се постигнат намалени цени, подобри пакети но и многу побрз интернет. Доколку во моментов кога се пребарува една веб страница најчесто, тој проток на информации оди преку Софија или Виена, сега тој ќе започнува и ќе завршува во Скопје. Со тоа очекуваме дека ќе можеме да видиме уште поголема конкуренција во пазарот како што кажав и намалување на цената на интернетот во Македонија, проект кој го имаме започнато пред неколку години, а сега веќе сме во завршна фаза,“ додаде Иваноски.

Република Македонија е рангирана на 37 позиција од 65 земји во светот, за електронската економија, а ресорниот министер за време на гостувањето во Македонската телевизија, обајсни какво значење има тоа за државата.

„Република Македонија е рангирана 37 во т.н. е-фрикција коефициент. Тоа значи дека нема одпор, односно има многу малку одпор од поставеноста на целото информатичко општество за да заживее електронската трговија. Тоа за нас е едно достигнување кое „Бостон Консалтинг груп“ го изведе во давос, оваа година, за прв пат направи едно вакво рангирање дека може да се види инфраструктурата која е поставена во Република Македонија каде сме рангирани на високото 27 место, е добра подлога за електронската трговија да заживее,“ истакна Изваноски.

Меѓудругото, министерот потенцираше дека се во преговори со“ПејПал“, наголемата организација за трансфер на финансиски средства и дека очекуваат во најскоро време и тие да влезат во Македонија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.