Ивановски во посета на општина Штип

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска престојуваше во Штип каде имаше работна средба со претставници на институциите во оваа општина. На средбата се дискутираше за спроведувањето на новите закони за администрација, Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.

sah3

По средбата, министерот Ивановски во придружба на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев го посетија ЗОО паркот при што ја промовираа новата гигантска шаховска табла. Заедно со претседателот на Здружението на пензионерите, Михаил Василев, Министерот Ивановски одигра партија шах.

sah1

Партијата заврши со реми, а отворањето на ваква шаховска табла која е со цел овозможување на рекреација за пензионерите ќе продолжи и низ други места во штип, во „Дузлак“ и „Баби“. Целта е во пресрет на пролетта кога се очекува присуство на постарите граѓани да имаат рекреација, па додека внуците ги разгледуваат животните да одиграт партија шах. Министерот исто така го разгледа ЗОО паркот кој е прв од ваков карактер во источна Македонија.