Ивица Коневски прогласен за најуспешен градоначалник за 2016

Коневски

Од вкупниот број на гласови на прво место, според гласовите на скопјани е Ивица Коневски, градоначалникот на општина Аеродром, кој освои 27 проценти од гласовите, односно 3710 гласови. На второто место со 2540 гласови се најде градоначалникот на општина Карпош, а Андреј Жерновски е на трето место со 2256 гласови.

Понатаму, според резултатите од анкетата на ранг листата се наоѓаат градоначалниците на Чаир и Кисела Вода, а речиси незабележителен број гласови освоија градоначалниците на Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба.

-Благодарност за сите што гласаа да станам најуспешен градоначалинк по втор пат.
Им се заблагодарувам за сите учесници во анкетата на интернет порталот Скопје инфо, особено на оние што гласаа за мене и што ми дадоа поддршка по вторпат да бидам прогласен за најуспешен градоначалник во Градот Скопје за 2016 година.
За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на општина Аеродром. Во следниот период ќе се фокусираме на завршување на проектите што ги започнавме, вели Коневски. 

Во овој период на анкетата гласаа вкупно 14109 читатели. Изборот за најуспешен градоначалник се реализира веќе традиционално трета година што говори неговата важност, значајност и релевантност. Градоначалниците го поддржуваат, промовираат, а граѓаните веќе го препознаваат како признание кое што говори за успех, посветеност и резултати.

-Интересно е што вакви слични резултатите имавме и во претходните години. На најуспешниот градоначалник му честитам за победата, а на останатите им порачуваме дека ваквите резултати се причина посериозно да пристапат на реализација на ветените проекти, повеќе да работат, но и да бидат потранспарентни и отчетни пред граѓаните, вели Берта Китинска, новинар во Скопје Инфо.

Пред нас е година на локални избори кои што се очекува делумно да ја редефинираат политичката слика во Скопје. Скопје Инфо и понатаму ќе ја следи нивната работа и следната година повторно заеднички ќе го избереме најуспешниот градоначалник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.