Балкан

Иво Јосиповиќ доби оценка од граѓаните многу добар

Иво Јосиповиќ доби оценка од граѓаните многу добар

По четири години мандат, Хрватите го оценија претседателот Иво Јосиповиќ со оценка многу добар 3,6 и сметаат дека заслужува втор мандат на таа позиција, покажало истражувањето на Дневникот на ТВ Нова која го спроведе агенцијата Ипсос плус.

Само шест отсто од хрватските државјани сметаат дека неговата досегашна работа воопшто не задоволува. Најголемиот дел од испитаниците изјавиле „дека не можат“ да се сетат кој би можел да ги замени на таа функција, пренесуваат хрватските медиуми.

Позитивната работа на Јосиповиќ ја оценија главно жените, луѓе над 45 години, со пониско образование и избирачи на владејачката Кукурику коалиција.