Ивон на проштална средба со спикерот на македонското Собрание

На самиот почеток на средбата амбасадорот Кристофер Ивон го искажа своето задоволство од соработката со Собранието на Република Македонија и со претседателот Вељаноски која ја имал во својот мандат.

Тој посочи дека соработката се одвивала на исклучително високо ниво со разбирање и пријателство. Претседателот Вељаноски се согласи дека двете земји имаат пријателски односи и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжи поддршката која Обидинетото Кралство и ја дава на Република Македонија и особено соработката со Вестминистер фондацијата.

На средбата се разговараше и за претстојните предвремени парламентарни избори и изборот за претседател на Република Македонија, за кои претседателот Вељаноски истакна дека најважно е да поминат во најдобар ред без инциденти и да биде почитувања волјата на граѓаните на Република Македонија кои го прават изборот.

Амбасадорот Ивон истакна дека по завршувањето на изборите Република Македонија, односно Собранието на Република Македонија ќе го посети делегација од Парламентот на Обидинетото Кралство и на тој начин ќе продолжи континуитетот на соработка на двата парламенти.

Од страна на претседателот Вељаноски беше истакнато дека е исклучително важно целиот регион и Република Македонија да бидат интегрирани во НАТО и Европската унија, бидејќи на тој начин ќе се покаже желба за безбеден и стабилен регион. На крајот на средбата претседателот му посака успешна работа на амбасадорот Ивон во неговите идни задолженија.