Ивона Талевска се изјасни за виновна за случајот „Тифани“

Новинарката Ивона Талевска денеска во Кривичниот суд се изјасни за виновна, за затајување на данок, во предметот  на Специјалното јавно обвинителство „Тифани“.

Пред судијката Софија Лаличиќ, обвинителката Елена Јосифовска го презентира обвинителниот акт. Таа побара осудителна пресуда и плаќање на избегнатите обврски.

Судијката Софија Лаличиќ даде пауза бидејќи претставникот на Државното правобранителство Зоран Петковски не беше во можност да се произнесе за висината на штетата.пауза.

Случајот „Тифани“ се однесува на кривично дело што траело од 2008 до 2014 година, при што Талевска како управителка на друштвото за консалтинг „Смарт ДООЕЛ“ и на „Смарт груп ДООЕЛ Скопје“ за даночните 2008 – 2014 година одбегнала да плати даноци, а во завршните сметки давала лажни податоци, при што одбегнала да плати 2.314.463 денари или 37.634 евра преку фирмите и 1.040.840 денари или 16.924 евра личен данок.