ИВЗ: Реисот Реџепи не се степал со скопски муфтија

Исламската верска заедница ја демантира информацијата на весникот Дневник дека поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи имал физичка пресметка со скопскиот муфтија Ибрахим Шабани.

 Директорот на секторот за односи со јавност на ИВЗ, Агрон Војника, во изјава за Канал5 изјавил дека немало никаков инцидент и информацијата на весникот ја нарече чиста лага. Информацијата за наводна тепачка ја отфрли и муфтијата Ибрахим Шабани на Фејсбук.
Дневник објави дека синоќа Реџепи со тупаници го нападнал муфтијата на паркингот кај Македонската опера и балет, поради недоразбирање за време на свеченост што ја организирало ИВЗ по повод коранските празнувања.