ИЗ Жабени: Без заложбите и поддршката од Талевски не можеше да се реализира најголемата инвестиција во Битола

-ИЗ Жабени е најголемата инвестиција во нашиот град години наназад. Без заложбите на градоначалникот Талески и општина Битола немаше да може да се реализира овај проект наречен ИЗ Жабени. Општина Битола и нејзините граѓани остварија бенефит од овај проект. Со заложбите на градоначалникот и општината реализирани се клучни инфраструктурни проекти за ИЗ Жабени биде функционална како што се улици, водовод, канализација , електрика а во тек е и поврзување со Солунското пристаниште преку претоварната станица во зоната, каде што ќе се овозможи брз и лесен транспорт за производите и услугите а со тоа и намалени трошоци за стопанството. Токму во ИЗ Жабени се вработени околу 3 илјани граѓани од Битола и околината.

Со подршка на општината беше овозможено и соработка со многу странски инвеститори. Покренати беа иницијативи за воспоставување на економска соработка со повеќе држави, како Кина, Грција и Италија. Сметам дека со поддршката на градоначалникот се придонесе за унапредување на бизнис климата во регионот. Зборуваме за реални вработувања и реални остварувања и треба да се запрашаме дали ќе ни беше подобро без тие инвестиции. За Жабени е важно да имаме стабилна политички економска околина. Стабилноста на бизнисите и привлекувањето на нови странски инвестиции зависи пред се од правичното спроведување на законот. И покрај се што се случува, верувам во правната држава и дека сите овие прашања треба да ги решат институциите во рамки на законот и уставот на Р.Македонија, изјави Сашо Илковски директор на ИЗ Жабени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.