Изаири: Потребно е интензивирање на соработката со ЕУ

Министерот за животна средина Нурхан Изаири и евроамбасадорот Аиво Орав  денеска имаа информативна средба, на која разговараа за сегашните и идните проекти кои се резултат на добрата соработка со Европската Унија и разменија мислења за тековните случувања во областа животна средина, стои во соопштението од Министерството за животна средина.

На средбата исто така се зборувало и за новиот програмски период за ИПА проектите во идниот период од 2014 до 2020 година и потребата од интезивирање на соработката која е предизвик за двете страни, се вели во соопштението.