Избегал од затвор и ограбил старица, тетовец повторно зад решетки

Тетовската полиција вчера го уапси Ш.Ш.(39) од Нераште, кој претходно избегал од КПД „Штип“, дваесеттина минути по извршена кражба над 65 годишна тетовка, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, пренесува МИА.

Според неговите податоци избеганиот затвореник бил уапсен вчера околу 10 часот на улица „133“ во Тетово откако ја извршил кражба на мобилниот телефон од повозрасна тетовка.

– Додека таа се движела по улица „Маршал Тито“ во градот Ш.Ш. и се доближил и од раката и го одзел нејзиниот мобилен телефон, а потоа избегал. Набрзо тој е фатен, одземениот телефон е пронајден и вратен е на сопственичката. При апсењето кај Ш.Ш. бил пронајден и одземен еден нож, рече Јосифовски.

По завршувањетоа на сите процедури Ш.Ш. бил вратен во КПД „Штип“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.